ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Денеска, 22.9.2016 година дечињата од детската градинка „Буба Мара“ и „Срничка“ го одбележаа Меѓународниот ден без автомобили, 22 септември.

Во градинката „Буба Мара“ учествуваа децата на возраст од 5 до 6 години, кои изработија разни пароли и возеа велосипеди во блиската околина, а цел на акцијата е да се поттикне детската свест да не се загадува воздухот.

Во градинката „Срничка“, објект „Изворче“ пак, со дефиле на велосипеди, тротинети, ролерки и пешки, малите екологисти пораката „Оставете ги автомобилите и уживајте со велосипед на воздух!” им ја упатија на возрасните, со цел да ги остават автомобилите во своите гаражи и на паркинзите, да се качат на велосипед и така да стигнат до своето работно место.

 

22.9.2016

Општина Аеродром