ВО ПОНЕДЕЛНИК 56 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 17.10.2016 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 56-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

 

1.    Предлог-Одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Аеродром за 2016 година

2.    Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Аеродром за финансиско учество за реконструкција на улица Мите Богоевски

3.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 3585/5)

4.    Предлог-План за измена и дополнување на План за јавни набавки на ОА за 2016 година

5.    Предлог-Заклучок за усвојување Информација од Комисија за урбанизам на Општина Аеродром за отпочнување постапка за изработка на ДУП за градска четврт ЈИ 06 Блок 3, Општина Аеродром број 18-4165/1 од 03.10.2016 година

6.    Предлог-Заклучок за усвојување Информација број 18-4094/2 од 10.10.2016 година, од Комисија за урбанизам на Општина Аеродром, за прекин на постапка за изработка и донесување на ДУП за градска четврт И 12 блок 2,3,4 и 5, врз основа на Барање од АД ЗУМ ДООЕЛ, Скопје

7.    Предлог-Заклучок за усвојување Информација број 18-4159/2 од 10.10.2016 година, од Комисија за урбанизам на Општина Аеродром, за отпочнување постапка за изработка и донесување на ДУП за градска четврт И 12 блок 2,3,4 и 5, врз основа на Барање од ОЗОН ДООЕЛ, Скопје

8.    Предлог-Заклучок за усвојување Анекс на Годишен извештај за работа на ООУ „Лазо Ангеловски“ за учебната 2015/16 година

9.    Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за екскурзии на ООУ „Ѓорѓија Пулевски” за учебната 2016/2017 година

10. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за екскурзии на ООУ „Димитар Македонски” за учебната 2016/2017 година

11. Предлог-Заклучок за усвојување Годишен извештај за работа на ЈДГОА „Срничка“ за 2015/2016 година

12. Предлог-Заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ЈДГОА „Срничка“ за 2016/2017 година

13. Предлог-Заклучок за усвојување Годишен извештај за работа на ЈУДГ „Буба Мара“ за 2015/2016 година

14. Предлог-Заклучок за усвојување Годишна програма за работа на ЈУДГ „Буба Мара“ за 2016/2017 година

15. Предлог –Одлука за именување членови на УО на ЈДГОА „Срничка“ претставници на Советот на родителите

16. Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром, за период од 27.04.2016 година до 15.07.2016 година

 

12.10.2016                              

Општина Аеродром