ООУ „Лазо Ангеловски“ доби грант од Еразмус+ Програмата

ДА ЈА ОБОИМЕ ИДНИНАТА!

ООУ „Лазо Ангеловски“ доби нов грант во висина од 15.775 евра од Еразмус+ програмата, во рамки на подакцијата КА219 - македонски училишта како партнери во проекти со други земји.

Одобрениот проект „Да ја обоиме иднината“ (Let’s ART the future), ќе се рализира во периодот од септември 2016 до август 2018 година.

Проектот има за цел да создаде нови методи во учењето на уметноста и да се идентификуваат иновативни пристапи, да се создаваат пријателства надвор од границите на државите, градење доверба и културолошка толеранција, да се подобрат социјалните способности и културолошките сфаќања на сите учесници, истовремено овозможувајќи им и на наставниците да се запознаат со образовните системи во другите земји.

Инаку, ООУ „Лазо Ангеловски“ беше прворангирано на листата за училишно образование и претходно доби грант во висина од 14.540 од одобрените грантови од програмата Еразмус+ на Европската комисија за учење преку индивидуални мобилности, кое пак, создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини и зголемување на културната свест.

 

14.10.2016

Општина Аеродром