ВО ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ ОТВОРЕНА ШКОЛА ЗА ГИТАРА

Во ООУ „Блаже Конески“ неодамна се отвори школа за гитара „Бојковски“, на која се изучуваат класична гитара, џез и забавна музика.

Часовите се одржуваат секоја сабота од 12:30 часот, а во школата можат да се запишат дечиња над 8 годишна возраст, кои имаат можност да изучуваат гитара професионално по ноти. Децата од оваа школа, која постои околу седум години, за брзо време постигнуваат значителни резултати и напредок, така што по само неколку месеци музички се описменети.

 

21.10.2016

Општина Аеродром