Аеродромци на камп за претприемништво во Хрватска
Ученици од основните училишта „Лазо Ангеловски“, „Ѓорѓија Пулевски“ и „Гоце Делчев“учествуваа на вториот камп за претприемништво што се одржа во Шибеник, Хрватска од 19-ти до 20-ти октомври во организација на Центарот на Југоисточна Европа за претприемничко учење (South East European Centre for Entrepreneurial Learning - SEECEL).
Целта на кампот, на кој учествуваа основни и средни училишта, како и факултети од седум држави од регионов, е промовирање на успешно завршените активности во рамките на проектот „Интеграција на претприемничкото учење во образовниот систем“ и презентирање на идните активности на SEECEL.
Учениците од Општина Аеродром учествуваа во сите активности на кампот, а имаа и свои промоции. Исто така, се одржаа и работилници со ученици и наставници, како и панели со претставници од училишта и бизнис секторот од сите држави-учеснички на настанот.
Покрај ново стекнатите партнерства, учесниците на овој камп разменија и многу искуства од областа на наставата и образованието.
На последниот ден од кампот, ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ го потврди претходно стекнатото именување „Претприемничко училиште“ во 2013 година, додека училиштата „Лазо Ангеловски“ и „Гоце Делчев“ се здобија со тоа одликување.
21.10.2016
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.