УЧЕНИЦИ ОД ООУ „ЉУБЕН ЛАПЕ“ УЧЕСТВУВАА НА „ЏИФОНИ МАКЕДОНИЈА“

Учениците од ООУ „Љубен Лапе“ неодамна учествуваа на  „Меѓународен филмски фестивал Џифони Македонија“, кој по четврти пат се организира во Република Македонија и е широко прифатен низ цела Европа.

Ученичките Мартина Вељовска, Миа Шутева, Ивана Митрева беа избрани за успешна и најелоквентна дискусија при проекција на анимирани и долгометражни филмови.

Инаку, четвртиот филмски фестивал Џифони Македонија за јуниори се одвиваше во Кинотека Македонија.

 

27.10.2016

Општина Аеродром