УТРЕ 57 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 3.11.2016 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 57-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

 

1.    Предлог-План на програми за развој на Општина Аеродром за периодот од 2017 до 2019 година

2.    Предлог-Одлука за давање согласност за реализација на студиска посета на претставници од ОА во општината Вандсворт,  Лондон, со цел соработка со училиштето Брнтвуд

3.    Предлог-Програма за одржување локални улици и патишта на територија на Општина Аеродром во зимски услови за периодот на 2017 година

4.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 3769)

5.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 и 2 на КП 3963)

6.    Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката за давање согласност за поставување на систем за озвучување, долж улицата „Тоше Проески“, од страна на Здружение на власи стопанственици на Македонија „МАНДРА“.

 

2.11.2016                                

Општина Аеродром