ВО ПОНЕДЕЛНИК 58 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 21.11.2016 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 58-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

 

1.    Предлог-Заклучок за усвојување Извештај за работа на ПС од ОН „Аеродром“ за првите шест месеци од 2016 година

2.    Предлог-Заклучок за усвојување Квартален извештај за извршување на Буџетот на ОА за третиот квартал од 2016 година

3.    Предлог-Одлука за избор на најповолна понуда и склучување Договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба на тениски спортски центар  на подрачје на Општина Аеродром

4.    Предлог-Одлука за давање согласност за склучување  Договор за регулирање на меѓусебните права и обврски на ООУ „Гоце Делчев“ и ЈУДГ „Буба Мара“ во врска со обезбедување топлинска енергија за објектот на градинка „Лавче“

5.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој  може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 229 и КП 239/1)

6.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 230 и КП 239/1)

7.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 475)

8.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 2918)

9.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 2916)

10. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната програма за екскурзии на ООУ „Љубен Лапе” за учебната 2016/2017 година

11. Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  по основ на смрт на член на потесното семејство на вработено лице во општински буџетски корисник

 

17.11.2016                              

Општина Аеродром