Во градинката „Буба Мара“

„ПЛАСТИКАТА ЈА СЕЛЕКТИРАМЕ, ПЛАСТИКАТА ЈА РЕЦИКЛИРАМЕ!“

Детската градинка „Буба Мара“ неодамна организираше еколошка кампања „Пластиката ја селектираме, пластиката ја рециклираме“, која се реализираше во сите пет објекти на градинката и во која беа вклучени сите вработени, децата и родителите.

Целта на оваа кампања е да се поттикнат децата и возрасните да ја селектираат пластиката во соодветните канти за пластика. Кампањата успешно беше спроведена низ објектите, а детската градинката собра огромен број пластични шишиња и друг вид пластика, кој понатаму ќе се искористи за изработка на уметничко дело за учество на конкурсот „Отпад за уметност“ (Trash for art), а остатокот од пластиката ќе се рециклира.

 

28.11.2016

Општина Аеродром