Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, ќе одржи прес-конференција утре, 22.12.2016 година (четврток), во 13:00 часот во Кабинетот на градоначалникот на Општина Аеродром.
Тема на прес-конференцијата, на која се очекува да присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, е презентација за Буџетот на Општина Аеродром за 2017 година.
Ги покануваме редакциите на печатените и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.
21.12.2016
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.