„МАСТЕР-ВОЛЕЈ“ ДОМАЌИН НА ОДБОЈКАРСКА ЛИГА ЗА ПИОНЕРКИ И НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ОДБОЈКА

Одбојкарскиот клуб „Мастер Волеј“ - Скопје, чие седиште се наоѓа во Општина Аеродром, имаше два викенда исполнети со натпревари и многу забава.

            На 18-ти декември (недела), во ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, „Мастер Волеј“ беше домаќин на вториот турнир од државната Одбојкарска лига за пионерки. Во рамки на турнирот се натпреваруваа четири тима од државава и тоа: „Мастер Волеј“ - Скопје (Аеродром), „Фокс Волеј“ - Скопје (Аеродром), „Те-Волеј-1“ - Тетово и „11 Октомври 2008“ - Прилеп.

            Резултатот по одиграните натпревари беше по една победа за „Мастер Волеј“ и за „11 Октомври 2008“ и две победи за „Те-Волеј-1“.

            Исто така, на 24-ти декември (сабота), „Мастер Волеј“ го одржа и својот втор Новогодишен турнир во одбојка.

            На настанот учествуваа голем број актуелни и поранешни одбојкарски репрезентативци. Турнирот, покрај натреварите во различни категории, имаше и забавно - едукативен карактер, а целиот настан беше заокружен со пригодни новогодишни подароци за учесниците.

 

 

 

28.12.2016

Општина Аеродром