ВО СРЕДА 61 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 25.1.2017 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 61-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

                      

1.    Предлог-Одлука за утврдување изглед на фасади на објекти на подрачјето на Општина Аеродром

2.    Предлог-Одлука за доделување спонзорство на КУД „Гоце Марковски“ – Долно Лисиче за реализација на детски меѓународен фестивал „Св.Троица“

3.    Предлог-Одлука за доделување донација на Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ Скопје, за реализација на проект „Слобода во вода“

4.    Предлог-Одлука за спонзорство на манифестацијата Илинденски марш

5.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1131/2)

6.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 2573)

7.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 4034)

8.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3564/1)

9.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 3564).

 

20.1.2017                                

Општина Аеродром