ВИКЕНДОВ СОБРАНИ 50 КУБИЦИ КАБАСТ ОТПАД

На акцијата за собирање кабаст отпад, што се реализираше на 3.3.2017 и 4.3.2017 година во Општина Аеродром, беа собрани околу 50 метри кубни отпад.

Акцијата што се одвиваше речиси на целата територија на Општина Аеродром им овозможи на граѓаните да се ослободат од стар и неупотреблив мебел и електрични и електронски апарати од домаќинствата.

Исто така, постои можност ваква услуга граѓаните да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.

 

7.3.2017         

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео