Акција на Општина Аеродром за селектирање отпад

АМБАЛАЖАТА ШТО ИМА МИНАТО, МОЖЕ ДА ИМА И ИДНИНА!

Општина Аеродром од овој месец, се вклучува во кампања за селектирање и рециклирање пластични шишиња и хартија, во соработка со Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување, Пакомак.

Вработените во општинската администрација ќе ја селектираат хартијата и пластичната амбалажа.

Целта на оваа акција е покрај свеста за општествената одговорност за обезбедување поздрава животна средина, да се минимизира негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, а со тоа да се овозможи поквалитетен живот за сите.

Апелираме до граѓаните и тие да се вклучат во оваа еколошка акција на тој начин што ќе го селектираат отпадот од амбалажата и ќе го одложуваат на соодветни места наменети за тоа, како што се подземните контејнери и другите специјали контејнери за отпад од пластика.

 

8.3.2017

Општина Аеродром