ЌЕ СЕ ИЗРАБОТУВА АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Општина Аеродром е една од шесте општини кои се одбрани за изработка на акциски планови за поголема вклученост на граѓаните во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина, за периодот 2017 - 2020 година, во организација на „Центарот за климатски промени“.

            Целта на акцискиот план е да овозможи поголема соработка меѓу општините и јавноста, преку спроведување заеднички активности кои се поврзани со животната средина.

            Заедничките активности ќе се однесуваат на организирање заедничка кампања за решавање на одреден еколошки проблем или промоција на одржлив развој, како што се промовирање рурален и еко-туризам, промовирање органска храна, акции за чистење, акции за одржлив транспорт и акции за штедење енергија.

            Инаку, акцискиот план ќе биде изработен заедно со граѓанските организации кои се активни во Општина Аеродром. Освен Аеродром, проектот ќе ги опфати и општините Македонски Брод, Македонска Каменица, Ресен, Струмица и Карпош.

 

            13.3.2017

            Општина Аеродром