Децата од градинка „Црвенкапа“ неодамна го посетија Природонаучниот музеј на Македонија. Преку изложените експонати и разговорот со кустосот во музејот имаа можност да ги збогатат стекнатите знаења за животинскиот и растителниот свет, како настанале, каде ги има различните видови во природата, на кој начин се хранат, кои се нивни младенчиња и слично.
Целта на овие активности е да се задоволи детската љубопитност и интерес за различните видови животни, да се влијае на развојот на визуелната перцепција со употреба на повеќе медиуми, да се развива детската фантазија и креативност преку обликување на животни од различни материјали, со примена на повеќе техники за работа.
21.3.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.