ДЕЧИЊАТА ОД ГРАДИНКИТЕ Ѝ ПОСАКАА ДОБРЕДОЈДЕ НА ПРОЛЕТТА

Дечињата од градинката „Буба Мара“ со песнички за пролетта го одбележаа денот на пролетта и на екологијата со прошетка и музички хепенинг во паркот „Јане Сандански“. Исто така, на настанот беше промовирана и еко-химната на градинката „Буба Мара“.

Исто така, малите екологисти од градинката „Срничка“, од објектот „Калинка“ го одбележаа првиот ден на пролетта со креативни активности во дворот на градинката. Откако ги набљудуваа промените во природата, стекнатите впечатоци почнаа  ликовно да ги изразуваат на бетонската ограда во дворот на градинката и со тоа го разубавија сопствениот двор.

 

21.3.2017

Општина Аеродром