Учениците од библиотекарската секција од ООУ „Лазо Ангеловски“ во библиотека „Јане Сандански“ одржаа поетско читање по повод светскиот ден на поезијата, 21 март.
На поетската средба беа прочитани стихови од познати македонски поети (љубовна и социјална лирика), како и лични творби на учениците кои преку поезијата ги изразија своите чувства, ја отворија својата душа и покажаа како овие мали, а големи поети, знаат да го задржат вниманието и да покажат како го гледаат светот низ своите очи.
24.3.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.