ВО СРЕДА 65 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 29.3.2017 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 65-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

 

1.    Предлог - Одлука за донесување на конечен урбанистички план за село Долно Лисиче Општина Аеродром – Скопје

2.    Предлог - Одлука за давање согласност на Меморандум за соработка помеѓу Општина Аеродром и Центар за климатски промени – Гевгелија, за реализација на проект „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина“

3.    Предлог - Одлука за именување на член на УО на ЈУДГ „Буба Мара“ - претставник на Советот на родители

4.    Предлог - Одлука за давање согласност за примопредавање на движни ствари (училиштен мебел), помеѓу Општина Аеродром и основни училишта на подрачје на Општина Аеродром

5.    Предлог - Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 4042)

6.    Предлог - Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 2962)

7.    Предлог - Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 828 и КП 832/1).

 

27.3.2017                                

Општина Аеродром