ПОКАНА ЗА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, ќе одржи прес-конференција утре, 6.4.2017 година (четврток), во 11:30 часот на булевар „АСНОМ“ бр. 112, поточно спроти хотелот во изградба „Хилтон“.

Тема на прес-конференцијата е увид во реконструкцијата на фасади на најоштетени станбени објекти на територијата на Општина Аеродром, а на настанот се очекува да присуствува и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова.

Ги покануваме редакциите на печатените и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.

 

5.4.2017

Општина Аеродром