На 10.4.2017 година (понеделник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 67-та седница на Советот на Општината.
На дневниот ред на седницата се следните точки:
1. Предлог-Одлука за доделување спонзорство на Национална установа Театар Комедија - Скопје за реализација на проектот Меѓународен летен фестивал на комедијата „Гола Месечина“
2. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 1371)
3. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 3986 и КП 3987).
7.4.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.