ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Денеска, 13.4.2017 година, во дворот на црквата „Св. Пророк Илија“ се одржа Велигденски базар, на кој можеа да се видат и купат креативни домашно изработени ракотворби од членови на Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје, односно солени и благи погачи, милиброд, велигденски јајца и други рецепти, кои го симболизираат најголемиот христијански празник Велигден.

Целта на велигденскиот базар е да се промовираат афинитетите и можностите на членовите на Здружението на слепи и лица со оштетен вид, а собраните средства ќе бидат наменети за социјално загрозените членови на ова здружение.

Велигденскиот базар беше во организација на Општина Аеродром и Здружението на слепи и лица со оштетен вид Скопје.

                                                

13.4.2017

Општина Аеродром