„ЛАЛИЊАТА“ ВО ПОСЕТА НА КОШАРКАРИТЕ ОД МЗТ АЕРОДРОМ

Децата од големата воспитна група  од детската градинка „Лале“ вчера, 19.4.2017 година,  се запознаа со кошаркарите на КК МЗТ „Скопје – Аеродром“ и одржаа заеднички тренинг во  СЦ „Јане Сандански“.

На оваа несекојдневна средба дечињата можеа  одблиску да се запознаат  со тоа како изгледа животот на еден кошаркар, колку време треба да се тренира за да се постигнат добри резултати, од која возраст се занимаваат со овој спорт и слично. Тие дознаа дека е тоа професија што бара посветеност, дисциплина и здрави животни навики. Водени од мотото „Во здраво тело, здрав дух“, кошаркарите им дадоа совети на дечињата за тоа колку е важно  да се придржуваат кон здравата исхрана, а воедно и да спортуваат. На крајот, на дечињата им одржаа мини тренинг на кој тие не само што се забавуваа, туку успеаја да научат и нешто повеќе за правилата на овој спорт.

 

20.4.2017

Општина Аеродром