Еко-кампања во „Буба Мара“

НЕ ГО ФРЛАЈ ПРАЗНОТО ШИШЕ!

Детската градинка „Буба Мара“ организираше еко-кампања под мотото „Не го фрлај празното шише, ќе до употребиме јас и мојот другар Мише“, која започна од 2.5.2017 година, а траеше до 8.5.2017 година.

Секое дете беше задолжено со доаѓање во градинка да донесе 5 празни шишиња кои потоа ќе се употребат за рециклирање и креативна еко-работилница со децата.

Целта на кампањата  е да ги поттикне децата постојано да ја селектираат пластиката во соодветната канта за рециклирање дома и во градинка.

 

9.5.2017

Општина Аеродром