ДЕЧИЊА ОД АЕРОДРОМ ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО ХИП - ХОП

Деца на возраст од 8 до 11 години од Општина Аеродром освоија прво место во хип - хоп формација на Државното првенство во модерни танци што се одржа во Куманово на 7.5.2017 година.

            Тие се државни прваци и ќе ја претставуваат Република Македонија на светскиот хип - хоп натпревар што ќе се одржи во Копенхаген, Данска на крајот од октомври, оваа година.

            По првите места, кои ги освоија во Нови Сад и Сараево, ова е најголема и најзначајна победа за малите фајаркрекерс („Firecrackers“) од танцовото студио „Аква“ од Аеродром. Титулата „државни прваци“ на Република Македонија доаѓа како најголема потврда за нивната посветеност и континуирана работа.

 

            10.5.2017

           Општина Аеродром