ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО НОВО ЛИСИЧЕ

Општина Аеродром објави тендер за изградба на нова детска градинка во рамки на градинката „Буба Мара“ во населбата Ново Лисиче со капацитет за згрижување на повеќе од 250 деца.

Новиот објект ќе има приземје и еден кат со вкупна површина од околу 1.200 квадратни метри. Во рамки на приземјето се предвидени 4 занимални за деца од 2 до 4 годишна возраст. На катот, пак, ќе бидат изградени 2 занимални, односно јасли за деца до 2 години, како и 2 занимални кои можат да ја менуваат својата функција за возраста на децата зависно од потребата, што значи новата градинка ќе има вкупно 8 занимални. Објектот, исто така, на двата ката ќе има сопствени санитарни јазли и кујни, како и канцеларии и гардероби, секако изградени според европски стандарди за ваков тип институции и ќе овозможи современи услови за згрижување и престој на дечињата.

Како што потенцира градоначалникот Коневски, објектот ќе биде енергетски ефикасен, а материјалите за изградба ќе бидат еколошки прифатливи.

По „Сонце“, „Лавче“ и „Штркче“ ова е четврта нова детска градинка во Општина Аеродром изминативе неколку години, која се очекува да го задоволи капацитетот за згрижување деца од претшколска возраст.

 

12.5.2017

            Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео