Меѓународна кампања „Ден на активности во природа“

МАЛИТЕ ЕКОЛОГИСТИ ОД „СРНИЧКА“ УЖИВАА ВО ГРАДИНАРСКИ АКТИВНОСТИ

Малите екологисти од „Срничка“ се вклучија во меѓународната кампања „Ден на активности во природа“ и неодамна учествуваа во уредување на градината во нивната градинка.

            Вредните детски рачиња го отстранија плевелот од растенијата, ја подготвија земјата и самостојно учествуваа во процесот на засадување на семето.

            Дечињата и нивните воспитувачи разговараа за многу интересни прашања на темата „Што е природа и зошто и како треба да се чува природата“ и заедно најдоа одговори на прашањата што ќе се случи доколку не ги полеваме редовно растенијата, како се хранат растенијата во природата и слично.

            Бидејќи е најважно сè што научиле претходно да умеат да го применуваат во секојдневниот живот, децата добија различни отпадни материјали за рециклирање. Тие на кретивен начин ја претставија пролетната градина и научија како може предметите повеќе пати да се употребуваат за да се намали количината на отпад во природата.

 

            29.5.2017

            Општина Аеродром