ВО ПЕТОК 69 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

На 16.6.2017 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 69-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

1.    Предлог-План за измена на План за јавни набавки на ОА за 2017 година

2.    Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Аеродром за реконструкција на сервисни улици„Тодор Чангов 20“ и „Ѓорѓи Капчев 9“

3.    Предлог-Одлука за донесување Локален eколошки aкциски план – ЛЕАП на Општина Аеродром за период 2017-2023 година

4.    Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за снабдување со електрична енергија број УП1 -  помеѓу Општина Аеродром и ЕВН Македонија, (за меѓународен фестивал на комедијата „Гола Месечина“)

5.    Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за приклучување на дистрибутивна мрежа преку стандарден приклучок со одобрена максимална едновремена моќност на приклучок до 40 kW  до 400kW (времен приклучок за меѓународен фестивал на комедијата „Гола Месечина“)

6.    Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за опремнина за пензионирање и за смрт на член на потесно семејство

7.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3988)

8.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект  на КП 1152)

9.    Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 3818)

10.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 3585/3)

11.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 564)

12.  Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој не може да се изврши вклопување во идната урбанистичко-планска документација (КП 244 и КП 242).

 

14.6.2017                                

Општина Аеродром