ООУ „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“ ПОЧНА ДА ИЗДАВА УЧИЛИШТЕН ВЕСНИК

ООУ „Александар Македонски“ неодамна го издаде првиот број на својот училиштен весник.

Промоцијата на весникот беше одржана во рамки на свеченоста по повод патрониот празник на училиштето.

Првиот број на весникот ги опфаќа најзначајните моменти од четиригодишното постоење на училиштето. Дел од страниците се резервирани и за многубројните достигнувања и позитивни резултати што учениците ги освојуваат на локалните, регионалните и државните натпревари.

Училиштето има за цел преку овој весник да ја промовира својата работа и што подобро да го приближи воспитно-образовно до своите ученици и нивните родители.

Инаку, во креирањето и уредувањето на весникот учествуваат учениците и наставниците заедно.

 

            16.6.2017

            Општина Аеродром