БОСАНСКИТЕ АКТЕРИ НАПРАВИЈА БУМ НА „ГОЛА МЕСЕЧИНА“

Вчера, 22.6.2017 година, на сцената во спортскиот центар „Ново Лисиче“ беше прикажана претставата НАЖАЛЕНА ФАМИЛИЈА од Бранислав Нушиќ во режија на Никола Пејаковиќ, на која босанските актери ја насмеаја до солзи присутната публика.

 

Денеска, 23.6.2017 година (петок) на репертоарот е претставата БЕГАЈ ЕВЕ ЈА ЖЕНА ТИ 2 (па не баш) од Реј Куни во режија на Коле Ангеловски, во продукција на НУЦК Трајко Прокопиев од Куманово, Македонија, која е продолжение на најиграната претстава во последните дваесет години со ист наслов.

 

Инаку за претстојниот викенд, во сабота, 24.6.2017 година, ќе биде прикажана претставата СИЛЈАН ШТРКОТ ШАНЦА од Дејан Дуковски во режија на Срѓан Јанаќиевиќ во продукција на Македонски народен театар Скопје, Македонија, која ни покажува колку сме заборавиле да бидеме деца, да играме и да танцуваме, додека во недела, 25.6.2017 година, игра претставата АНАЛФАБЕТ од Бранислав Нушиќ во режија на Ѓорѓи Ризески во продукција на НУЦК Григор Прличев од Охрид, Македонија, која отвора интересна и актуелна тема и прикажува ликови од „власта“ кои демонстрираат моќ благодарение на доделените функции, притоа злоупотребувајќи ги привилегиите за лични интереси.

 

23.6.2017

 

Општина Аеродром