Изминатиот викенд во Паркот на езерата група несовесни граѓани извршиле вандалски чин, кршејќи ја и уништувајќи ја урбаната опрема. Случајот е пријавен до надлежните полициски служби.
Апелираме до граѓаните доколку забележат повторно насилство во паркот или во околината веднаш да пријават во полиција или во Општината.
3.7.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.