Цело лето голема еко-акција

МОЖНОСТ АЕРОДРОМЦИ БЕСПЛАТНО ДА СЕ ОСЛОБОДАТ ОД ОПАСНИОТ ОТПАД

Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, цело лето ќе реализира голема еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, во која граѓаните ќе имаат можат бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад од домаќинствата.

Се повикуваат граѓаните на Општина Аеродром да ги пријават старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат, на телефонскиот број во најблиската урбана заедница (http://aerodrom.gov.mk/page/urbani-zaednici) или во „Нула отпад“ на 02/3256-309. За бесплатно од дома да биде преземен габаритниот уред потребно е да оставите име и презиме, адреса, контакт-телефон, како и што поседува од отпад.

Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.

 

5.7.2017        

Општина Аеродром