Телевизиски проект „Подводно“

ПРИЈАВУВАЈТЕ СЕ ЗА ВОДЕНИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ!!!

Проектот „Подводно“ е телевизиски проект во реализација на „Томато продукција“, а во соработка со Општина Аеродром, кој опфаќа игри во вода на базенот „Аеродром“, а кој ќе почне да се емитува на Алфа телевизија секоја недела од 14:45 часот.

Цел на овој проект е преку активно учество и дружење на учесниците да се промовира спортот и физичката активност, како главен предуслов за добро здравје.

Поради тоа, сите заинтересирани жители на Општина Аеродром, кои се над 16-годишна возраст и кои се пливачи, за учество во водените лудории на базенот „Аеродром“ може да пријават екипа од машки или од женски натпреварувачи, која треба да биде составена од најмалку 3 члена, а најмногу од 4 членови, на телефонскиот број 070/360-298, Наташа или на е-маил адресата: natasa.arsova@gmail.com. За сите учесници има предвидено соодветни награди.

Дел од активностите кои натпреварувачите ќе треба да ги реализираат на базенот „Аеродром“ се игри во вода како веслање, влечење со јаже, ватерполо, пронаоѓање скриено богатство, а исто така ќе гостуваат и јавни личности, кои ќе бидат капитени на тимовите.

 

12.7.2017

Општина Аеродром