КОЊАНИЦИТЕ ПОЧНАА СО ПОДГОТОВКА ЗА ИЛИНДЕНСКИОТ МАРШ

Коњаниците кои оваа година ќе учествуваат во 39-от традиционален коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден  ги почнаа своите интензивни тренинзи покрај кејот на реката Вардар.

„Илинденскиот марш 2017“ што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, на кој ќе учествуваат коњаници од различна возраст, од 18 до 65 години, меѓу кои и една девојка, ќе им се придружат и коњаници од различни градови, односно од Маврово и Горна Река, Чичево, Демир Хисар, Свети Николе и пешадија од Охрид, ќе стартува од Општина Аеродром, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево.

Општина Аеродром традиционално го поддржува коњичкиот марш повеќе години наназад и ќе продолжи и натаму да ја негува традицијата, бидејќи Илинденскиот марш е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром.

 

20.7.2017

Општина Аеродром