Хепенинг во градинката „Срничка“

„АЈДЕ ДА ИГРАМЕ, УЧИМЕ И РАСТЕМЕ...ЗАЕДНО!“

Вчера, 7.8.2017 година, во детската градинка „Срничка“, објект „Чекорче“, се одржа хепенинг за алтернативни услуги за згрижување деца како што се домашното згрижување деца и услуги за згрижување деца во рамки на компанија.

Дечињата во дворот на градинката реализираа повеќе активности, меѓу кои цртање на плочниците со креди во боја, ритмички игри со музика, плочка, скокање јаже, криенка, игра со балони итн.

Оваа активност е реализирана во рамки на Проект финансиран од ЕУ „Унапредување на алтернативните услуги за згрижување деца“ и Министерството за труд и социјална политика.

 

8.8.2017

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео