МОДНА РЕВИЈА НА „СРНИЧКИТЕ“ ОД РЕЦИКЛИРАН МАТЕРИЈАЛ

Дечињата од градинката „Срничка“ минатата недела организираа модна ревија од рециклиран материјал во соработка со студентската организација АИЕСЕК од Скопје во рамки на проектот „Грин ап 2017“ (Green Up 2017).

Во дворот на градинката тие преку игра, модна ревија и песнички ги претставија своите изработки од рециклиран материјал во текот на работилниците со студентите - волонтери од пет држави, со цел да пренесат порака и да им покажат на своите другарчиња дека треба да ја чуваме природата и да се грижиме за неа, почнувајќи од најмалите нешта како што се полевање на цвеќињата и тревките, засадување на дрвца, па сè до заштита на сите природни ресурси.

Целта на овој проект е да се подигне свеста за еколошките прашања.

 

30.8.2017

Општина Аеродром