СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

би сакале да ја информираме јавноста дека Владата на Република Македонија продолжува да ја кочи изградбата на новата градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче.

Имено, Владата остана глува на дописите и јавниот повик на Општина Аеродром да ја овозможи изградбата на новата детска градинка и повторно без образложение одбегна да ја стави на дневен ред точката за доделување земјиште на кое ќе се гради оваа четврта по ред детска градинка во Општина Аеродром.

Со одложувањето на точката за доделување на земјиштето на трајно користење, на кое треба да се изгради современа детска градинка, Владата врши директна опструкција врз работата на Општина Аеродром, иако е обезбедена целата потребна документација и сите согласности од надлежните институции.

Општината е целосно подготвена за почеток на градежните работи за изградба на нова детска градинка за повеќе од 250 дечиња, потпишан е договор со изведувачот и обезбедени се финансиски средства од околу 30 милиони денари.

Затоа, со жалење може да се констатира дека оваа Влада не работи во интерес на граѓаните, туку напротив работи на опструкции и манипулации, сè со цел да ги спречи проектите на локалната самоуправа, која не е дел од нејзиното политичко опкружување. Со ваков начин на нејзино дејствување, на граѓаните треба да им биде јасно со какви луѓе во Владата си имаме работа.

 

Општина Аеродром