УТРЕ ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „СКОПЈЕ 2017“

Утре, 7.9.2017 година, во 17:00 часот истекува рокот за пријавување за шестиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2017“, кој се одржува во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.

Заинтересираните екипи можат да се пријават на телефонскиот број 078/892077.

Официјално турнирот ќе почне на 8.9.2017 година во 21:00 часот.

Инаку, оваа година традиционалниот турнир ќе биде збогатен со нови содржини и програма, а со тоа и најдобро организирана манифестација од ваков вид во Македонија.

Турнирот го организираат Општина Аеродром, Град Скопје и Училишниот спортски клуб „Блаже Конески“, кои имаат обезбедено паричен награден фонд за победниците во висина од 300.000,00 денари.

 

6.9.2017

Општина Аеродром