УЧЕНИЧКА ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ДРЖАВЕН ПРВАК ВО КАЈАК

Мила Блажевска, ученичка во ООУ „Лазо Ангеловски“, неодамна на кејот на Вардар учествуваше на Државно пионерско првенство на Македонија во кајак слалом на диви води, на кое по втор пат стана државен првак и освои златен медал.

На првенството учествуваа вкупно 20 натпреварувачи - кајакари од 5 кајакарски клубови, од кои 4 од Велес и 1 Скопје.

Мила е член на КК МДВ Илинден 90 - Скопје, има 12 години и истовремено посетува и балетско училиште и учи во IV одд. во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Согласно правилата на Меѓународната кајакарска федерација имаше 2 возења од кои и на 2-те Мила имаше најдобар резултат. Минатата година беше прва во натпревар во овој спорт и тогаш за прв пат стана Државен пионерски првак во кајак на диви води.

 

21.9.2017

Општина Аеродром