ГОРНО ЛИСИЧЕ ДОБИ КОШАРКАРСКО ИГРАЛИШТЕ

Деновиве заврши изградбата на ново спортско игралиште во Горно Лисиче во близина на улицата „Тодор Чангов“, поточно кај последната автобуска станица број 17.

Во новото игралиште се поставени два коша, а на платото има и додатна урбана опрема со клупи и канти за отпадоци. Кошаркарското игралиште, кое е направено на барање на локалното население, е наменето за граѓаните.

27.9.2017

Општина Аеродром