ВЕЧЕРВА ЗАВРШУВА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „СКОПЈЕ 2017“

Вечерва, 3.10.2017 година, во 20:00 часот со натпреварите за трето и прво место завршува шестиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2017“, кој изминатиов месец се одржуваше во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.

За трето место ќе се борат екипите на ЕБР и Црна Река, додека во финалето за победник на турнирот ќе настапат екипите на „Пријателче“ и „Тга за југ Аеродром“.

Турнирот го организираа Општина Аеродром, Град Скопје и Училишниот спортски клуб „Блаже Конески“, кои обезбедија паричен награден фонд за победниците во висина од 300.000,00 денари.

 

3.10.2017

Општина Аеродром