ДЕЦАТА ПРЕКУ ВИДЕО ИГРИ УЧАТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ

Денеска, 4.10.2017 година, во трговскиот центар „Капитол мол“, се одржа промоција на онлајн играта за деца под име „Зелена игра“ (Green game).

Играта е нов концепт, креативна едукација за селекција на отпадот, низ игра и забава од мали нозе децата да научат правилно да го селектираат отпадот, со цел заштита на животната средина во која растат и се развиваат.

Играта може да се симне на следните линкови: www.nulaotpad.com.mk и www.pakomak.com.mk и да се инсталира на мобилен телефон, таблет или компјутер, каде посетителите ги очекуваат многу награди и изненадувања што ќе ги доделат невладините организации Нула Отпад и Пакомак за тоа што ќе го научат со играта.

Присутните на настанот ги дружеа децата од ОУ „Димитар Македонски“, со промоција на песната „Направив вистински град“, како и ученици од ООУ „Љубен Лапе“ и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, а исто така имаше и многу специјални изненадувања кои Капитол Мол со Нула Отпад ги имаа подготвено за минувачите.

 

4.10.2017

Општина Аеродром