На вчерашната Конференција за Еуропас програмите

АЕРОДРОМЦИ УЧЕА КАКО ЕФЕКТИВНО ДА ГИ ПРЕТСТАВАТ СВОИТЕ ВЕШТИНИ И КВАЛИФИКАЦИИ ВО ЕВРОПА

Вчера, 5.10.2017 година, во Општина Аеродром голем број аеродромци учествуваа на Конференцијата за Еуропас програмите, кои претставуваат пет документи што ги прават вештините и квалификациите  јасни и лесно разбирливи во Европа.

Целта на оваа конференција за Еуропас програмите е да им помогне на граѓаните (невработени и веќе вработени) ефективно да ги претстават своите вештини и квалификации кога бараат работа или обука низ Европа, како и да им помогне на институциите надлежни за образование и обука успешно да ја дефинираат и претстават содржината на курикулумот и да дознаат повеќе за поволностите што ги нудат Еуропас програмите.

Конференцијата ја организираше Општина Аеродром во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

 

6.10.2017

Општина Аеродром