НАСКОРО ИЗВОДИ ОД МАТИЧНАТА ЕВИДЕНЦИЈА И ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска, 31.10.2017 година, во својот Кабинет го прими директорот на Управата за водење матични книги, Ѓоко Котевски.

На работната средба, меѓу другото, стана збор за можноста да се отвори подрачна канцеларија на Управата за водење матични книги во просториите на Општина Аеродром.

Се планира оваа канцеларија да биде отворена на 22.11.2017 година, од кога жителите на Општина Аеродром ќе имаат можност да поднесуваат барања и да подигаат готови изводи од матичната евиденција во својата Општина. Овој проект е заложба на Општина Аеродром за приближување на институциите на државната управа до граѓаните и нивните потреби.


            31.10.2017

            Општина Аеродром