Општина Аеродром: Продолжува финансиската поддршка за здружението на граѓани за лица со посебни потреби „Дајте ни крилjа“.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска, 2.11.2017 година, се сретна со претставници на здружението на граѓани за лица со посебни потреби „Дајте ни крилја“. На средбата присуствуваа заменик претседателот Јасна Мандиќ и Катерина Ивановиќ, кои го запознаа градоначалникот Марин со својата работа и договорија продолжување на соработката. Општината и понатаму ќе дава финансиска помош, и ќе продолжи да му отстапува на здружението простории за користење.

На лицата со посебни потреби им е неопходна постојана поддршка, а се често запоставувани од институциите. Општината ќе работи активно за да овозможи инклузија во образовниот процес и секојдневното живеење.

„Инклузијата на лица со попреченост отсега ќе има важен дел во планирањето на буџетот и идните активности во општината. Потребни се конкретни мерки, кои вклучуваат адаптација на постојните образовни институции и овозможување соодветни услови. Планираме блиска соработка со здруженијата и граѓанските иницијативи, кои работат на ова поле.“ – изјави градоначалникот Златко Марин.