Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, утре, 21.11.2017 година (вторник) во 12:00 часот во просториите на Општината, ќе одржи прес-конференција, заедно со директорот на Управата за водење матични книги, Ѓоко Котевски.
Тема на прес-конференцијата ќе биде отворање подрачна канцеларија на Управата за водење матични книги во просториите на Општина Аеродром.
Ги покануваме редакциите на печатените и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.
20.11.2017
Општина Аеродром
08-04-24