Покана за поставување контејнер за ситни електронски апарати пред ТЦ „Капитол мол“

На 27.11.2017 година (понеделник) со почеток од 11:00 часот пред ТЦ „Капитол мол“ ќе се постави контејнер за собирање расипани ситни електронски апарати.

На настанот ќе присуствува градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, со директорот на Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, Марјанчо Дамески.

Во контејнерот ќе може да се одложува ситен електронски отпад како лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, видео-камери, пегли, фенови за коса и слични мали апарати од домаќинствата.

Ги покануваме редакциите на печатените и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.

 

 

24.11.2017   

Општина Аеродром