П О К А Н А за симулација на помош при повреди од пиротехнички средства

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, утре, 5.12.2017 година (вторник) во 12:00 часот во ТЦ „Бисер“ ќе ја отвори кампањата „Среќна и безбедна 2018 година“.

Станува збор за кампања против употреба на пиротехнички средства што ја организираат Општина Аеродром, СВР Скопје и Црвениот крст на Град Скопје.

На настанот ќе биде изведена симулација, односно показна вежба, за давање помош при повреди предизвикани од злоупотреба на петарди, ракети и други видови пиротехнички средства, во која ќе бидат вклучени екипи на полицијата, Црвениот крст и ученици од три основни училишта во Општина Аеродром.

Ги покануваме редакциите на печатените и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.

 

               4.12.2017

            Општина Аеродром