УТРЕ ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ
Утре, 22.12.2017 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 4-та седница на Советот на Општината.
На дневниот ред на седницата се следните точки:
1. Предлог-Буџет на Општина Аеродром за 2018 година со амандмани
2. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за 2018 година
3. Предлог-Буџетски календар на Општина Аеродром за подготовка на Буџетот на општината за 2019 година
4. Предлог - Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на административните службеници за 2018 година
5. Предлог - Одлука за утврдување денарски благајнички максимум за 2018 година
6. Предлог - Одлука за утврдување девизен благајнички максимум за 2018 година
7. Предлог - План за јавни набавки на ОА за 2018 година
8. Предлог - Програма за работа на Одделението за инспекциски работи на ОА за 2018 година
9. Предлог - Програма за активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2018 година
10. Предлог - Програма за поддршка на спортот во Општина Аеродром за 2018 година
11. Предлог - Програма за планирани активности од областа на образованието во ОА за 2018
12. Предлог - Програма за остварување социјална и детска заштита во ОА за 2018 година
13. Предлог - Програма за поддршка на културата во Општина Аеродром за 2018 година
14. Предлог - Програма Р – Заштита на животната средина и природа за подрачјето на ОА за 2018 година
15. Предлог - Програма Ј - Комунални дејности на подрачјето на ОА за 2018 година
16. Предлог - Програма Ф (ФА, Ф1, Ф2, ФД) – Урбанистичко планирање и уредување на подрачјето на ОА за 2018 година
17. Предлог - Програма Г- Локален економски развој на подрачјето на Општина Аеродром за 2018 година
18. Предлог - Програма за јавни работи на подрачјето на Општина Аеродром за 2018 година
19. Предлог - Програма за енергетска ефикасност на ОА за период 2017-2019 година
20. Предлог - Одлука за давање согласност на измена на Годишниот план за вработување на Општина Аеродром за 2017 година
21. Предлог - Одлука за задолжување на Раководителот на Одделението за комунални работи на ОА, за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон ангажирани сезонски работници во ОА
22. Предлог - Одлука за задолжување на раководителот на Сектор за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина, за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон ангажирани лица во ОА
23. Предлог - Одлука за давање согласност за регулирање на договорни обврски кон ангажирани лица во Секторот за работи на Градоначалникот на ОА
24. Предлог – Одлука за распределба на блок дотација наменета за основните училишта на територија на Општина Аеродром
25. Предлог – Одлука за распределба на блок дотација наменета за детските градинки на територија на Општина Аеродром
26. Предлог - Одлука за доделување новогодишни пакетчиња на вработените и ангажираните лица во општинската администрација и членовите на Советот на ОА
27. Предлог - Одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на ОА во 2018 година
28. Предлог-Одлука за давање согласност за склучување меморандум за соработка меѓу ООУ „Гоце Делчев“ и Општина Аеродром за спроведување на еко-акциите во рамки на програмата „Немаме резервна планета“
29. Предлог - Одлука за формирање Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Аеродром за 2018 година
30. Предлог-Заклучок за усвојување Програми за антикорупциска едукација на учениците во основните училишта на подрачје на Општина Аеродром како дополнување на Годишните програми за работа за учебната 2017/2018 година
31. Предлог - Одлука за разрешување на претставник од Општина Аеродром, член во Училишниот одбор на ООУ „Лазо Ангеловски“
32. Предлог - Одлука за именување претставник од Општина Аеродром за член во Училишниот одбор на ООУ „Лазо Ангеловски“
33. Предлог - Одлука за именување претставник од Општина Аеродром за член во Училишниот одбор на ООУ „Љубен Лапе“
34. Предлог - Одлука за именување претставник од Општина Аеродром за член во Училишниот одбор на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“
35. Предлог - Одлука за давање на согласност за примање на донација – полигон игралишта во две основни училишта на подрачје на Општина Аеродром
36. Предлог - Одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на распоред на работното време на вработените во општинската администрација на Општина Аеродром
37. Предлог - Одлука за измена на Одлуката за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за опремнина за пензионирање, за смрт на член на потесно семејство и за смрт на вработено лице во општински буџетски корисник
38. Предлог - Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за боледување подолго од шест месеци и за смрт на член на потесно семејство за вработени лица во општински буџетски корисник
39. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 427 и КП 429/1)
40. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1152)
41. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1391)
42. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 3967)
43. Предлог-Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 4020)
44. Предлог-Заклучок за усвојување на Информација од Одделение за урбанизам и подготовка на урбанистички планови на Општина Аеродром, за отпочнување на постапка за изработка и донесување на ДУП за градска четврт И 17.01
45. Предлог-Заклучок за усвојување на Информација од Одделение за урбанизам и подготовка на урбанистички планови на Општина Аеродром, за отпочнување на постапка за изработка и донесување на ДУП за градска четврт И 17.04
46. Предлог-Заклучок за усвојување на Информација од Комисија за урбанизам на Општина Аеродром за доставена Иницијатива за изработка на ДУП за урбанистичка четврт И17 блок 3
47. Предлог-Заклучок за усвојување на Информација од Одделение за урбанизам и подготовка на урбанистички планови на Општина Аеродром, за направена грешка во планска документација за ГП6.16, КП 4664/4 ДУП Мите Богоевски
21.12.2017
Општина Аеродром