Буџетот на Општина Аеродром – транспарентен и достапен за јавноста

На последната седница на Советот на Општина Аеродром беше изгласан Буџетот за 2018 година во износ од 1.048.169.000 денари, односно околу 17 милиони евра.

Фокусот на Општина Аеродром наредната година ќе биде насочен кон заштита на животната средина и подобрување на условите за образование и грижа за младите, односно на проекти како што се нови објекти за две градинки, обнова на подови, надомест од 3.000 денари за секое прваче и еднократен паричен надомест за талентирани спортисти.

Предвидени се и директни мерки за борба против загадувањето, меѓу кои и прочистувачи на воздух за сите градинки, мапирање на загадувањето во Општината, и реализација на пилот проекти.

Буџетот за 2018 година е изработен и во симплифицирана форма и е достапен за јавноста на официјалната веб-страница на Општина Аеродром:

http://aerodrom.gov.mk/Upload/Editor_Upload/dekemvri%202017/%D0%91%D1%83%D1%9F%D0%B5%D1%82%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%20%D0%90%D0%B5%D1%80%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%BC%20%D0%B7%D0%B0%202018.pdf

 

25.12.2017

Општина Аеродром